Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Елон Маск планира нов стартап со вештачка интелигенција што ќе се натпреварува со Open AI

Sci-fi

Елон Маск планира нов стартап со вештачка интелигенција што ќе се натпреварува со Open AI

Елон Маск, основач на компаниите Tesla и Twitter, планира да лансира нов стартап со вештачка интелигенција кој ќе се натпреварува со Open AI, компанијата што ја развива напредниот систем ChatGPT.

Според извештај на Фајнешел Тајмс, Маск веќе го составил тимот од експерти и инженери кои ќе работат на новиот проект. Истиот се здобил со илјадници процесори на компанијата Nvidia. Во 2015 година, Маск помогна во започнувањето на проектот Отворена вештачка интелигенција и беше копретседател на компанијата заедно со Сем Алтман, сегашен сопственик на Open AI.

Маск ја напушти Open AI во 2018 година и од тогаш го критикува проектот, изразувајќи загриженост дека “експертите го учат овој програмски систем да биде свесен (разбуден – woke)” и дека Microsoft “суштински го контролира” Open AI.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.