Sci-fi
Патнички авион на водород ќе го намали времето на летот меѓу Европа и Австралија на само четири часа
Компанијата “Дестинус” од Швајцарија го развива патничкиот авион на водород кој ќе го намали времето на летот меѓу Европа и Австралија на само четири часа.
По двегодишно тестирање, успешните летови ги потврди на крајот на 2022 година. Сега, шпанското Министерство за наука го избра “Дестинус” да учествува во стратешка иницијатива и обезбеди средства за истражување и развој на суперсонични летови користејќи водород како гориво.
Проектот е дел од напорите на Шпанија да биде прва во развојот и производството на возила базирани на водород за транспорт во различни области. Водородната енергија е предмет на многу истражувања и развој поради нејзините “зелени ингеренции”.