Creative
Со Office 365 пакетите каде и да си, во канцеларија да си!
Со континуираниот напредок на cloud услугите, Microsoft нуди лесно и сеопфатно решение за бизнисите кои бараат пристап до своите најважни бизнис апликации, е-маил услуги и документи од секаде и во секое време преку сервисот Office 365.
Овие планови базирани на месечна претплата нудат поголема пристапност и достапност од кога било досега. Дознајте повеќе за Office 365 во следната рецензија.
Што е Office 365?
Office 365 е cloud-базиран (интернет-зависен) сервис за корисници кои имаат потреба од пристап до бизнис апликациите на Microsoft (од Exchange до сите Office алатки) од било каде во светот. Со вашата e-mail адреса и лозинка можете да пристапите до вашето сандаче, како и до веб верзиите на вашите омилени апликации од Office пакетот.
Преминот кон cloud-базирани апликации е голем предизвик за многу софтверски компании, со цел нивните потрошувачи да можат во секое време и без инсталација да пристапат до апликациите кои им требаат. (Компаниите како Adobe сега ги нудат своите Creative Suite пакети и онлајн, на cloud-базирани апликации без потреба да се инсталира апликацијата на вашиот компјутер!)
Десктоп наспроти веб-верзија
Дали ќе можете или нема да можете да инсталирате „десктоп верзија” на вашата омилена апликација зависи од пакетот кои сте подготвени да го купите (кој претпланички план ги нуди овие опции ќе видите подоцна во оваа рецензија).
Десктоп верзиите на Outlook, Word, Excel и PowerPoint, се корисни за бизнис професионалците кои сакаат напредни функции и позната корисничка околина, додека веб-базираните пакети на Office се опишуваат како „лесни и едноставни“ – впрочем такви и ви требаат кога сте во брзање или не сте во вашата канцеларија – #КадеИдаСиВоOfficeДаСи.
Кој претплатнички пакет е најдобар за вашиот бизнис?
Microsoft нуди 3 различни типови на Office 365 пакети: Business Essentials, Business и Business Premium. (Постојат и пакети за големите корпорации кои имаат потреба од голем број корисници).
Повеќе за Office 365 претплатничките пакети можете да видите тука: https://products.office.com/en-us/business/compare-more-office-365-for-business-plans
Трошоците се пресметуваат според бројот на корисници кои ќе ја користат услугата и истите се плаќаат со месечна претплата. Доколку се решите да купите годишен план ќе добиете пониска цена на саканиот пакет, додека пак месечната претплата ќе ви овозможи поголема флексибилност, ако одлучите дека Office 365 не е вистинското решение за вас.
Важно да се потенцира е дека Business и Business Premium пакетите се единствените опции кои покрај cloud апликациите, ви овозможуваат целосна десктоп инсталација на бизнис апликациите на Microsoft.
Business Essentials, пак, е совршен за корисниците кои бараат свој сопствен е-мејл и веб-базирани апликации од Office. Доколку вашата компанија веќе има инвестирано во лиценцирање на Microsoft Office 365, тоа дефинитивно е вашата најдобра одлука. Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од клиентите кои имаат имплементирано Office 365 решение се определиле за Business Essentials пакетот, поради неговата евтина цена и големиот број на услуги и апликации кои ги нуди.
Кои се предностите на Office 365?
- Лесно се прилагодува со потребите на вашиот бизнис: Microsoft Office 365 пакетите се изградени за да ги исполнат потребите на вашиот бизнис. Ако сте во потрага за план кој поддржува само е-пошта, Business Essentials ќе биде вистинскиот потег за вас. Ако сте во потрага за целосен пакет на Office, заедно со можност за e-mail, Business Premium ќе ги реши вашите проблеми. Во зависност од вашите барања (и буџет), Microsoft ви ги нуди најдобрите пакети, прилагодени за вас.
- Нема големи трошоци за лиценци: За разлика од традиционалното лиценцирање на Microsoft апликациите, Office 365 не бара купување на скапа лиценца. Вашата компанија услугите ги плаќа со месечна претплата и според бројот на корисници кои ја користеле услугата, што резултира во голема заштеда на вашите финансии.
- Бесплатни надградби: Мајкрософт редовно прави безбедносни надградби на вашиот софтвер, но и прави надградба на голем број нови функционалности. Ова значи дека веќе не треба да плаќате за осигурување на софтверот, скапи одржувања или лиценци за надградба за да ги имате најновите Office апликации.
- Голем простор за складирање: Предноста на cloud решенијата е големиот простор за складирање со кој располагате. Business Essentials и Business Premium плановите нудат до 50GB простор за поединечен корисник; оваа голема меморија за складирање значи дека повеќе не мора да се грижите дали ќе има простор на вашиот компјутер или емаил сандаче за уште еден документ.
- Десктоп интеграција и синхронизација: Без разлика на вашиот план, Office 365 може да се интегрира и синхронизира со вашиот десктоп компјутер. На пример, ако веќе користите Outlook на вашиот компјутер, Office 365 автоматски ќе се интегрира со Outlook и ќе ги синхронизира вашите емаил пораки.
Едноставно е, #КадеИдаСиВоOfficeДаСи!
Сакате да дознаете повеќе за Office 365? Посетете го сајтот на Microsoft Македонија и запознајте се со сите функционалности на Office 365 пакетот!