Мобилни
Сопственици на Ајфон Икс-ес и Ајфон Икс-ем Макс се жалат на лош вај-фај сигнал
Корисници кои ги купиле новите Ајфон Икс-ес и Ајфон Икс-ем Макс модели во првите денови од нивното лансирање се жалат на чудно однесување на уредите со Вај-Фај мрежите. Според различни сопственици на новите телефони, тие страдаат од послаб сигнал и побавна брзина од минатогодишните Ајфон телефони.
Слични поплаки се појавуваат во текот на последните денови масовно во форумите на Епл, како и во Редит. Проблемот е прилично сериозен, особено имајќи предвид дека двата модела Ајфон Икс-ес требаше да им обезбедат на своите сопственици значително повисоки брзини за сурфање.
Во моментов не се јасни причините за проблемите на новите смартфони на компанијата од Купертино, а претпоставките движат од презафатени мрежи и стигнуваат до ново издание на прочуениот проблем со антената, кој се појави при премиерата на Ајфон 4.
Барем до моментов нема официјална реакција од страна на Епл и не е јасно кога и како ќе се реши случајот.