Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СПЕЈС АПС ЧЕЛИНЏ: Македонските тимови четврта година по ред ќе работат за НАСА

Creative

СПЕЈС АПС ЧЕЛИНЏ: Македонските тимови четврта година по ред ќе работат за НАСА

Tимови од целиот свет оваа година повторно ќе бидат предизвикани од НАСА да понудат решенија за некои од глобалните проблеми и да внесат иновации во животот на Земјата и во Вселената.

Хакатонот “Спејс апс челинџ” на НАСА е интересен и специфичен пред се поради предизвикувачкиот карактер и огромните можности кои ги нуди. Со реализацијата на овој натпревар, НАСА има можност да  го идентификува младиот амбициозен кадар низ светот, да развие соработка во самите тимови, како и приватниот и државниот сектор, а потоа да понуди можност за доработка на проектите со цел постигнување на интернационална видливост.

„Њуменс бизнис акцелератор“, македонско-американската компанија е организатор на натпреварот во Македонија и по четврти пат го прави овој уникатен настан достапен и за македонските учесници.

– „Оваа година настанот ќе се одржи од 22-ри до 24-ти април во просториите на „Њуменс бизнис акцелератор“, кој и оваа година е организатор во Скопје, а воедно и координатор на повеќе други локации во Македонија: Охрид, Битола и Тетово, но и во градовите низ Европа: Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Љубљана, Копер и Виена.“ – изјави Анита Кирковска, главен организатор на настанот во Македонија.

Годинава темите се поинакви од оние досега, а идеите со кои ќе се конкурира треба да бидат конкретни и за одредена проблематика. Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутика, планетата Земја, вселенски станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија, а пријавувањето на тимовите кои сакаат да учествуваат ќе трае до 17 април.

kirkovska

– „Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки – биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комлексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти.“ – тврди Кирковска.

Инаку, во изминатите години беа постигнати глобално препознатливи резултати и тоа, во 2014 Скопје беше локација со најголем број на прифатени проекти од НАСА во светот, а во 2015 Скопје беше координатор на настанот во 10 европски градови во кои спаѓаше и Приштина од каде што тимот „Натев експлорер“ ја освои глобалната награда „Избор на публиката“ и заедно со нив тимот од Скопје присуствуваше на лансирање на ракета во вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

logo

Оваа година, „Њуменс бизнис акцелератор“ е организатор на натпреварот и во Силиконската долина, а се вклучува како ко-организатор во Сан Франциско и Лос Анџелес, со што на учесниците од Македонија им се овозможува да соработуваат и да креираат тимови заедно со учесниците од овие три локации и на тој начин да стигнат до подобри решенија на поставените предизвици.

Со цел да добиете повеќе информации за темите и за активностите пред, и по настанот, организацискиот тим ве повикува на средба оваа среда, 30 март во просториите на акцелераторот од 17:00 часот, а за да присуствувате треба да се регистрирате тука.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.