Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Стана милијардер, но вели дека никогаш не бил поосамен

Creative

Стана милијардер, но вели дека никогаш не бил поосамен

Човекот кој го измисли „Мајнкрафт“, Маркус Персон, на „Твитер“ се пожали дека никогаш не се чувствувал поосамено.

Пред повеќе од една година ја продаде неговата компанија „Моџанг“ за повеќе од две ипол милијарди долари. Потоа купи огромна куќа на Беверли Хилс за 70 милиони долари, како и неколку скапоцени автомобили и уште неколку екстравагантни „играчки“.

Сепак, според неговите последни „твитови“ раскошниот живот не го прави многу среќен.

– Некогаш кога ќе имате се, проблемот е во тоа што повеќе немате причина да се трудите, а односите со луѓето се невозможни поради нееднаквоста, напиша Персон.

Милијардерот рече дека и покрај тоа што е на Ибица со пријателите и прави што сака, никогаш не се чувствувал поосамено.

– Најдов супер девојка, но таа се плаши од мене и мојот животен стил, па место место одбра нормална лчност, напиша на Твитер.

– Би направил исто што и Илон Маск, но повторно би бил изложен на лошите луѓе поради што го продадов Мајнкрафт. Луѓето кои наеднаш станале успешни ми велат дека тоа е нормално и дека ќе помине. Тоа е добро да се знае. Одам да се туширам, напиша Персон и им се заблагодари на сите за поддршкатa.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.