Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

Технологија

А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

A1 Македонија, како компанија што постојано ги имплементира најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на квалитетот на услугата за своите корисници, со гордост објавува дека успешно ја заврши првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата.

Тестовите со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни битски брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија на опсег од 3500 MHz.

„Со напорни и интензивни подготовки во минатиот период, развивме интерни компетенции и овозможивме високо ниво на технолошка подготвеност за комерцијално воведување на 5G. Со гордост ја известуваме јавноста дека го реализиравме првиот 5G повик во тестна мрежа на А1 Македонија и со тоа можеме да потврдиме дека како компанија сме подготвени да продолжиме со следните чекори во воведување на најновата мобилна технологија од петтата генерација. Наскоро ќе го демонстрираме техничкиот потенцијал и иновативните промени на оваа најнова, револуционерна технологија“, изјави Божидар Полдругач, директор на одделот за техника во А1 Македонија. 

Со мрежите од петтата генерација се овозможуваат целосно нови примени во областа на безжични комуникации, современи начини за користење на мобилните мрежи и многукратно подобрување на корисничкото искуство, обезбедувајќи големи брзини и капацитети за пренос на податоци (интернет), видео и гласовни услуги, како и поголемо покривање и кратка латенција, која овозможува сигурна податочна комуникација во реално време, овозможувајќи поврзаност за индустриски апликации, автономни возила, гејминг, разновидни автономни уреди со долг век на траење на батериите и воопшто секаков вид современи податочни услуги што оваа технологија ги овозможува.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Технологија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.