Технологија
Ајфон ќе се врзува на Старлинк за да користи безжичен сателитски интернет
Епл започна тестови за поврзување на нивниот уред Ајфон со Старлинк, сателитскиот интернет на Илон Маск. Новиот апдејт за Ајфон ја поддржува оваа технологија, која до сега беше достапна само за Т-Мобиле и некои Самсунг модели.
Со Старлинк, корисниците ќе можат да разменуваат слики, музика и подкасти, а по идни надградби ќе биде поддржано и видео повик. Услугата ќе работи само во области без мобилна мрежа.