Децата од Кина само 40 минути во денот ќе може да користат „TikTok“
Кинеската верзија на „Тикток“ воведува „тинејџерски режим“ што ќе го ограничи времето на деца под 14-годишна возраст што го трошат на видео апликацијата на 40 минути дневно, пренесува Си-Ен-Ен.
Кина ја продолжува борбата против социјалните мрежи и генерално технологијата, неодамна беше воведена забрана за децата во работните денови да играат видео игри, а сега стартува и скратувањето на времето поминато на социјалните мрежи.
Во Кина постои посебна верзија на оваа мрежа која се нарекува „Duoyin“ и е иста како „TikTok “, само содржината е малку поинаква, бидејќи нема политика на апликацијата и останати непријатни содржини за деца.
Сега децата на возраст до 14 години ќе влегуваат на апликацијата преку „YouthMode“ и ќе имаат можност да ја користат апликацијата 40 минути дневно во дозволен период од 6 наутро до 10 навечер.