Технологија
Електричните возила очекуваат да сочинуваат повеќе од половина од вкупното глобално производство на автомобили до 2030-та година
Toyota ја засилува понудата на електрични возила и цели годишно да продава 1,5 милиони електрични возила до 2026 година.
Како дел од својата стратегија, компанијата ќе ја креира новата специјализирана единица за следната генерација на електрични возила со батерии. Според информации на агенцијата „Reuters“, оваа најголема светска компанија за производство на автомобили, се припрема да излезе на пазарот на електрични возила, каде што до сега значително заостанува зад своите конкуренти.
До 2030 година, се очекува електричните возила да сочинуваат повеќе од половина од вкупното глобално производство на автомобили, па вклучувањето во овој тренд е клучно за “Toyota”.
Компанијата исто така планира да го зголеми производството во Соединетите Држави, каде што растот на електричните возила го надминува целокупниот пазар на автомобили.