Технологија
Новите Samsung OLED со вештачка интелигенција донесуваат револуција кај телевизорите
Samsung веќе ги лансираше своите нови телевизори за 2024 и овој пат, како што и се очекуваше од овој гигант, тие изобилуваат со новини од кои најмногу се истакнува вештачката интелигенција која ги напојува бројните функции. Повеќе не е само важно вашиот телевизор да има добра слика, добар звук и да е доволно голем. Сега во игра се и други фантастични функции кои со кои Samsung отвори нова врата на патот кон совршените телевизори, давајќи ни многу опции со своите иновтивни перформанси на кои не може да се одолее.
Земете го како пример новиот S95D OLED TV 4K, со кој, без дилеми, ќе ја почувствувате вистинската моќ на вештачката интелигенција во 4К резолуција, додека единствените технологии својствени за овој телевизор како што се извонредното мапирање на боите и подобреното осветлување ви овозможуваат да гледате совршена слика, бои, контрасти и детали. Клучната улога ја има процесорот NQ4 AI Gen2, кој помага да се испорача длабока црна боја, неверојатни контрасти, одлична осветленост и многу повеќе. Благодарение на неа, функцијата OLED HDR Pro може да ја уште повеќе да ја подобри HDR содржината или светлосните ефекти со многу подобри контрасти од стандардните.
Фасцинантна е OLED Glare Free функцијата која штити од отсјај и не дозволува надворешните извори на светлина да го одвлечат вниманието или да го нарушат приказот особено на црната боја. А што се однесува до другите бои, благодарение на ексертското калибрирње, добивате репродукија на бои веродостојна н оригиналната содржина до секоја најмала нијанса. Не само S95D OLED TV 4K, туку и другиот модел S90D OLED TV 4K ја поседуваат функцијата 4K AI скалирање, технологија напојувана од 20 AI невронски мрежи која секоја содржина ќе ја трансформира во речиси 4К резолуција, со приказ на бои потврдени од Pantone. Исто така, да не ги заборавиме гејмерите, на кои можноста да ја прилагодат длаочината на сцените и исклучителната стапка н освежување 144 Hz ќе им овозможи да можат да стекнат мала предност пред ривалите додека истовремено уживаат во игрите како што доликува за 2024 година. Newsweek во месец април го награди S95D OLED TV 4K со епитетот Editor’s Choice, велејќи за него во својата рецензија дека е „совршен за гледање филмови и е дел од епскиот гејминг сетап“.
Неверојатно комплетирање на целото доживување со беспрекорен звук
Немерливо е позитивното влијание што музиката или саундраците ги имале на многу филмови кои ги вбројуваме во омилени, нели? Токму затоа, Samsung посветува особено внимание на аудио перформансот на своите телевизори, засилувајќи ги уште повеќе емоциите при гледањето. Кај S95D OLED TV 4K раскошниот Dolby Atmos ни овозможува искуство на следно ниво со нагоре насочени звучници и фантастичен сараунд звук обезбедувајќи повеќедимензионално аудио на оригинално доживување. Подобрената технологија на звук Active Voice Amplifier Pro, поткрепена со вештачка интелигенција ги прават гласовите во дијалозите во содржините кои ги гледаме кристално јасни, на начин што ги анализира позадинските звуци, јасноста на гласот и амбиенталната бучава за да ги изолира гласовите од другите звуци. Оваа функција ја имаат и обата нови модели, вклучувајќи го и S90D OLED TV 4K.
А за вистинските вљубеници во навистина добриор звук, Samsung ги претстави новиот Soundbar звучник HW-Q990D, кој овозможува безжичен Dolby Atmos со Samsung телевизорите, додека секој засебен ритам и пулс се движи околу вас создавајќи единствено врвно искуство со 3D звук од секој агол. Но, не е тоа се – тука е и технологијата Q-Symphony која им овозможува на звучниците на телевизорот и soundbar звучникот заедно да репродуцираат врвна синергија на звук, оптимизирано аудио од вештачка интелигенција кое се движи низ сите канали. А како круна на се, уредот soundbar ја анализира просторијата и го приспособува звукот според просторот, комбинирајќи подобрена јаснос и реалистичност со оптимизиран бас. И сето ова благодарение на технологијата SpaseFit Sound Pro. Совршено, зар не?
Зошто да одберете Samsung телевизор?
Samsung веќе долго време успшно ја гради приказна за Samsung екосистемот во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење. Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач SolarCell за вашиот Samsung телевизор и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.
Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.
Не ја пропуштајте последната шанса за специјална преднарачка!
Промотивната понуда за преднарачка е продолжена до 14.05.2024, која доколку ја искористите, ќе добиете значајни придобивки и/или подароци. Одлучите за еден од моделите Neo QLED 8K од 65 инчи или повеќе, Neo QLED или OLED од 55 инчи или повеќе, и добивате 2 подарока: Q-series Soundbar звучници и попуст до 40.000 ден. Доколку пак вашиот избор е Neo QLED од 43 или 55 инчии, тогаш ви следуваат звучниците. Побрзајте, и искористете ја оваа извонредна промотивна понуда, за која повеќе информации можете да прочитајте тука.
Повеќе информации за телевизорите во овој текст прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s90d-65-inch-oled-4k-tizen-os-smart-tv-qe65s90datxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95d-65-inch-oled-4k-tizen-os-smart-tv-qe65s95datxxh/
https://www.samsung.com/mk/audio-devices/soundbar/q990d-black-hw-q990d-en/
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.