Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Серијата Samsung Galaxy S25 пристигнува во Македонија: Нова ера на мобилната вештачка интелигенција

Технологија

Серијата Samsung Galaxy S25 пристигнува во Македонија: Нова ера на мобилната вештачка интелигенција

Серијата паметни телефони Samsung Galaxy S25 беше официјално претставена вчера во Скопје, означувајќи го почетокот на продажбата, која ќе започне на 7 февруари.

На овој уникатен настан присутните имаа шанса не само да видат, туку и да доживеат иновациите што ги донесуваат уредите серијата Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25. Фокусиран на интерактивноста и персонализацијата, присутните беа во можност да ја искусат новата ера на вештачка интелигенција, која интуитивно се прилагодува на нивните потреби. Од скицирање емоции кои Galaxy AI ги претвораше во дигитални ремек-дела, до патување низ три уникатни димензии на Galaxy AI, настанот беше доживување кое одговара на она што младите очекуваат – да пробаат, да искусат и да бидат дел од технологијата. Локацијата Лабораториум, со својот шмек на industrial design додаде дополнителен модерни и урбан контекст, кој е добро познат и прифатен од младите генерации, правејќи го настанот уште попривлечен.

Маркетинг

Samsung уште еднаш докажаа дека не само што креираат уреди, туку и нови начини на доживување на технологијата.

Раководителот за односи со јавност од Samsung Electronics, Иван Полојац, нагласи како технологијата Galaxy AI е интегрирана во секоја точка на интерфејсот, а како One UI 7 создаде платформа каде секоја интеракција е беспрекорна.

„Вашиот телефон сега го разбира контекстот на сето она што е на екранот – глас, слики, текст и многу повеќе – предвидувајќи ги вашите потреби и барања.“

Новата серија Galaxy S25 воведува клучни иновации кои го обликуваат корисничкото искуство. Прво, серијата S25 нуди вистински AI придружник, чиј AI агент овозможува поприродна и интуитивна интеракција. Во комбинација со интегрираната AI платформа се подобрува поврзаноста на уредите, додека персонализираната AI гарантира безбедност, приватност и прилагодени AI функции според потребите на секој корисник, правејќи ја оваа серија совршен AI придружник.

Друга клучна иновација се Напредните перформанси на серијата со реалистично гејминг искуство и значително подобрена термална ефикасност. Да не заборавиме, серијата Galaxy S25 работи на Snapdragon® 8 Elite for Galaxy, најмоќниот процесор досега во серијата S, со 40% подобрување на NPU, 37% на CPU, и 30% на GPU во споредба со претходните генерации.

И на крај, серијата Galaxy S25 обезбедува ултра-детални фотографии во секој опсег благодарение на сензорите со висока резолуција и ProVisual Engine, поставувајќи нов стандард за мобилната фотографија и обезбедувајќи совршено визуелно искуство со помош на AI.

Покрај ексклузивниот прв поглед на новите уреди, гостите уживаа во релаксирано дружење со DJ, создавајќи совршена атмосфера за размена на импресии и дискусија за технолошките иновации кои ја обликуваат иднината на мобилната индустрија.

Серијата Samsung Galaxy S25 официјално ќе биде достапна за купување кај мобилните оператори и малопродажните партнери од 7 февруари.

За повеќе информации за уредите, посетете ја официјалната веб-страница на Samsung.

Повеќе од Технологија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.