Технологија
Старт на продажбата на македонскиот пазар на лаптопите од серијата Matebook на Huawei
Од 25 август на македонскиот пазар станува достапна нова категорија паметни производи на технолошкиот гигант Huawei – лесните и преносни лаптопи од Matebook серијата. На македонските корисници на располагање ќе им бидат 4 претставници од оваа серија – моделите Matebook X Pro со 13,9 инчен дисплеј на допир, потоа ултра тенкиот 13 инчен Matebook 13 и елегантните машини од средниот ценовен опсег – Matebook D14 и D15.
Сите модели се одликуваат со FullView дисплеј, елегантнo металнo тело, копче за стартување со препознавање на отпечатоци и поддршка на интелигентни одлики за поврзување на лаптопот и паметниот телефон на Huawei, познати како Multiscreen collaboration или интеракција со повеќе екрани. На овој начин вашиот паметен телефон и лаптопот ќе работат како еден уред, споделувајќи содржини за да овозможат најдобро корисничко искуство, што е и приматот на брендот.
За сите лаптопи од серијата MateBook предвидена е гаранција од 2 години. Huawei во Македонија располага со локална канцеларија и локален сервис. Сервисните услуги вклучуваат и опција „Од врата до врата“ за бесплатна курирска услуга која важи за сите уреди на Huawei на територијата на целата земја.
Во случај корисниците да имаат потреба од каква било услуга, вообичаено обезбедена од сервисните центри на Huawei или нивните партнери, со оваа услуга, која стартуваше со појавата на пандемијата со Ковид-19, клиентите можат да се јават и да побараат бесплатно преземање на уредот од дадената адреса за сервис, а потоа истиот да го добијат назад на дадената адреса, дезинфициран и подготвен за користење.