Технологија
Таблет кој е создаден за врвно гејминг искуство!
Таблетот е извонредна опција да ја имате вашата забава, како и вашата работа секогаш покрај себе. Сé повеќе луѓе се вртат кон овие моќни преносливи уреди и секојдневно ги користат како замена на компјутерот, поради што денес навистина можете да имате феноменален таблет со врвен дизајн и со перформанси кои постојано се надградуваат.
Новата серија таблети Galaxy Tab S9 на производителот Samsung донесе големо воодушевување меѓу сите љубители на „фини играчки“, особено меѓу гејмерите. Играњето игрина таблет е одличен начин да уживате во една од најомилените активности додека сте во движење. До пред една деценија не можеше да се замисли дека на телефоните или таблетите ќе можат да се играат игри како Genshin Impact или Honkai: Star Rail. Или дека овие мали уреди ќе можат беспрекорно да читаат софтверски код во форма на емулатори и да прикажуваат игри во најмалку 30 фрејмови во секунда.
Денес, ова е нешто секојдневно, особено ако можеме да се потпреме на моменталниот најмоќен процесор Snapdragon 8 Gen 2, кој е присутен низ целата линија на таблети Galaxy Tab S9. Без разлика на сложеноста, овој процесор ќе може да работи која било мобилна игра и многу игри со емулатори. Без разлика кои и какви игри уживате да играте, било кој од трите модели од новата серија на Galaxy таблети, Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ или Galaxy Tab S9 Ultra ќе го пренесат вашето гејмерско искуство на едно ново и многу подобрено ниво. Опремени со водечкиот мобилен процесор со молскавична брзина Snapdragon® 8 Gen 2 мобилна платформа за Galaxy, нема само да бидете презадоволни од брзината на уредот, туку и од големиот пренослив екран.
Вашите игри можете да ги играте на играте на Dynamic AMOLED 2X екран од 11 инчи на Galaxy Tab S9, 12,4 инчи на Galaxy Tab S9+ или пак од идеалните 14,6 инчи на Galaxy Tab S9 Ultra, при што гледањето ќе го доживеете во вистинската димензија на виртуелните светови. HDR10+ кај сите модели овозможува прилагодување на тонот кадар по кадар и фрејм по фрејм, со широк спектар на бои и осветлувања, додека пак динамичната стапка на освежувањеавтоматски се калибрира од 60 до 120 Hz за да одговара на брзата реакција и подобрената ефикасност на батеријата. Извонредниот звук на Dolby Atmos ќе ви овозможи совршено да ги подесите звуковите на игрите, а ако сакате да гејмате надвор на клупа, додека патувате или било каде да сте излезени, дневната светлина нема да биде никаков проблем бидејќи овие таблети имаат вградено иновативната Vision Booster технологија која автоматски ги регистрира условите при јака светлина и во склад со нив го прилагодува екранот.
Исто така, не заборавајте дека постои многу повеќе избор на игрици кои се оптимизирани за екрани на допир, отколку на компјутер, а она што е уште подобро во овој случај е фактот дека потрошувачката на батеријата е значително помала, како и финансиската инвестиција во споредба со добар гејмерски компјутер која е исто така неспоредливо помала. Ако истовремено го поврзете Samsung Galaxy Tab S9 Ultraсо тастатура и маус (што исто така го препорачуваме), ќе имате лаптоп Samsung од 14,6 инчи (37,1 см) во вашите раце.Како и секогаш, мора да ја истакнеме и практичноста на функцијата Samsung Dex. Ако веќе не знаете, ова е функција која им овозможува на телефоните и таблетите Samsung да се поврзат (безжично или жично) со надворешни дисплеи. Ова значи дека можете многу лесно да ја преместите вашата игра или работа на телевизор или монитор за уште потранспарентно искуство, а со долготрајната и подобрена батерија навистина ве очекува маратонско гејмање. Повеќе за карактеристиките и перформансите на новите модели на таблети од серијата Galaxy Tab S9 прочитајте на следниве линкови:https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s9/buy/?modelCode=SM-X916BZAAEUChttps://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-plus-wi-fi-graphite-256gb-sm-x810nzaaeuc/https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s9/buy/?modelCode=SM-X716BZAAEUC