Технологија
WhatsApp ќе овозможува корисниците да користат повеќе уреди со една корисничка сметка
WhatsApp обезбедува нова можност за корисниците да ја користат оваа апликација на повеќе телефони со една корисничка сметка. Корисниците ќе можат да активираат до четири дополнителни телефонски уреду на ист начин како што сега активираат десктоп или таблет компјутери.
Ова ја отвора можноста за корисниците да го користат WhatsApp и на другите уреди во исто време, што е одлична вест за оние кои имаат повеќе од еден телефон. Главниот телефон останува примарен, а сите дополнителни уреди можат да се активираат без разлика на тоа дали главниот телефон е поврзан или вклучен.
Заштитата на приватноста е од големо значење за WhatsApp, и новата функција го задржува тоа, при што сите видови на разговори се шифрирани и заштитени од пристап на непознати.