Мобилни
Телефон од злато и сафири кој чини 22 илјади долари
Компанијата „Верту“, која е позната по производство на луксузни телефони, го претстави својот последен модел наречен Singature touch или Pure Jet Red Gold.
Овој телефон е препознатлив по кожата со висок квалитет, копчиња од црвено злато, дисплеј од сафирни кристали, а звучниците се од компанијата „Bang&Olufsen“.
Цената на апаратот е 22 илјади долари. Тој има дисплеј од 4.7 инчи, камера од 13 мегапиксели и работи на оперативен систем Андроид v4.4.2.