Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Телеком од денеска ги обедини Т-Мобиле и Т-Хоме

Мобилни

Телеком од денеска ги обедини Т-Мобиле и Т-Хоме

Брендовите Т-Мобиле и Т-Хоме згаснуваат. Од денеска целото портфолио ќе се нуди преку единствениот бренд Телеком.

Фиксната, мобилната телефонија, интернетот и телевизијата ќе бидат за корисниците достапни на едно место, а информациите преку единствена веб страница и единствен контакт центар. Ова го објави главниот извршен директор на Македонски телеком Андреас Маиерхофер на прес-конференција во Дојче телеком во Берлин.

– Македонски телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Хоме и Т-Мобиле и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници. Целта е поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски телеком, изјави Маиерхофер и додаде дека спојувањето е телекомуникациски тренд во светот.

Истакнувајќи дека досега нивните инвестиции во телекомуникацискиот сектор во Македонија изнесуваат околу 730 милиони евра, рече дека ќе продолжат и понатаму да бидат двигател на промените на пазарот, а истовремено и поддржувач на македонската економија и општество.

Спојувањето во еден бренд, според Маиерхофер, нема да влијае на намалување на бројот на вработени, кој сега изнесува 1.386. – Немаме никакви планови за отпуштање. Но, секоја компанија треба да направи реструктуирање без разлика на спојувањето, рече главниот извршен директор на Македонски телеком.

Очекува поголема понуда на услуги за фер цени за корисниците, по спојувањето на двата мобилни оператори Вип и Оне.

Според него, нивното спојување ќе придонесе кон поголема конкуренција и сите треба да бидат насочени кон поголем квалитет на услугите. – Корисниците не треба да очекуваат зголемување на цените. Она што треба да го направиме е да понудиме повеќе услуги за кои корисниците ќе платат фер цена и да се насочиме кон поголем квалитет на услугите, рече Маиерхофер.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со истрагата што ја покрена Маѓар телеком за објавените прислушувани разговори, Маиерхофер рече дека истрагата е во тек, дека се врши на професионален начин и по сите стандарди. – Истрагата е се уште во тек. Ја вршат професионалци и никој од компанијата не е вклучен во неа. Почнавме во мај годинава и не е важно колку ќе трае туку да имаме исход да биде направено професионално и според највисоки стандарди, истакна Миерхофер.

Телеком спојувањето ќе го одбележи на 19 септември на плоштадот во Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.