Creative
Њу Менс Бизнис Акцелераторот ја претстави македонската стартап сцена на Универзитетот Стенфорд
Во понеделникот на 8ми февруари 2016 година, на Факултетот за инженерство при Стенфорд Универзитетот, во срцето на Силиконската Долина, Ирена Чаушевска – основач и генерален директор на Њу Менс Бизнис Акцелераторот, презентираше краток осврт за Македонската и Југоисточно Европската стартап и претприемачка сцена пред студентите од Стенфорд и Силиконската долина, како и пред Европски професионалци и инвеститори.
Photo Credits: Burak Cetin, Burton Lee & Stanford University
Исто така, Чаушевска го најави почетокот на работа на Њу Менс Бизнис Акцелераторот во Силиконската Долина од оваа есен. Њу Менс планира секоја година да овозможува по две „класи“ од 3 или 4 стартапи од Југоисточна Европа да дојдат и да престојуваат во Северна Калифорнија која важи за центарот на стартап случувањата и можностите, се со цел да ги пласира нивните производи на Американскиот пазар, да им овозможи организирани обуки и менторство, и пронаоѓање на потенцијални глобални партнери и инвеститори.
Серијата од предавања „Европско претприемништво и иновации“ на Факултетот за инженерство во Стенфорд има долга традиција која трае повеќе од 8 години. Оваа година, Македонија за првпат е поканета да го прикаже својот стартап екосистем со многу успешни примери за иновации од овој регион. Како гости-говорници, Стенфорд ги вклучува најпознатите и најуспешни инвеститори и основачи на компании од европските држави како што се Обединетото Кралство, Германија, Хрватска, Романија, Норвешка, Финска, Данска, Австрија и Португалија. Европската вселенска агенција (ЕСА) е примарниот партнер на Стенфорд за 2016 година. Проф. д-р Бартон Ли, предавач по механичко инженерство, ја води оваа иницијатива од 2008та година, која е многу важна за Стенфорд, и оваа година ја прошири со Чаушевска која лично ја покани да говори на Стенфорд Универзитетот.
Photo Credits: Burak Cetin, Burton Lee & Stanford University
Во нејзиниот говор, Ирена ги нагласи можностите што Македонија ги нуди, како место за индустриски и стартап инвестиции, и ги покани Силиконската долина и инвеститорите од САД да ја разгледаат опцијата за вклучување на стартап компаниите од овој регион во нивните годишни инвестциски планови. Исто така, Чаушевска ги охрабри инвеститорите од Калифорнија да ги искористат продобивките од двата екосистеми – Македонија, од едната страна, како земја со високо квалитетен талент во областа на информатиката и креативните технологии, и САД, посебно Калифорнија, од другата страна, како главна дестинација за промоција и лансирање на иновативни стартап производи со глобален успех.
Photo Credits: Burak Cetin, Burton Lee & Stanford University
Со новото физичко присуство на New Man’s во Калифорнија, Акцелераторот очекува значително да се подобри пласманот на македонските и регионални производи и услуги од напредната технологија на глобалниот пазар, и да се надмине финансискиот јаз со кој се соочуваат Балканските стартапи, кога треба да се напредува од регионално на глобално ниво. Ова ново присуство на САД ќе осигура средства за локален развој на многу квалитетни проекти, како и создавање на нови работни места во Југоисточна Европа со повисока додадена вредност, кои ќе привлечат многу наши талентирани млади луѓе да работат во матичните земји.
Покрај тоа што на поголемите фондови за вложување од САД им ги прикажа можностите за стартап инвестиција, Чаушевска исто така посочи и дел од успешните компании за технологија и производство од Македонија, како што се: High-tech, Microsam, Fx3x, Seavus и Feroinvest.
Photo Credits: Burak Cetin, Burton Lee & Stanford University
Чаушевска ги сподели и досегашните резултати на акселераторот во областа на едукација на млади кадри за професиите на иднината и нивното поврзување со индустријата, овозможувајќи им работа на практични комерцијални проекти за компании од земјата и од странство. Ирена изрази огромно задоволство што многу млади луѓе по завршувањето на овие програми за обука, решаваат да започнат свој бизнис или да се приклучат кон веќе постоечка стартап компанија од портфолиото на Акцелераторот. Исто така, таа потенцирше дека и оние што ќе одлучат да влезат во корпоративниот свет, се истакнуваат како лидери во иновативното и претпиемачко размислување, и носат значителни придонеси за компаниите од Македонија и Југоисточна Европа.
Презентацијата на Чаушевска може да ја прегледате на следниов ЛИНК.