Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уште 7 дена за да инвестирате во својата професионална кариера

Наука

Уште 7 дена за да инвестирате во својата професионална кариера

Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, ја изведува современата и високо квалитетна академска и бизнис меѓународна магистерска програма.

Државниот Економски факултет во Љубљана е основан во 1946 год., има репутација на најдобра високообразовна институција од областа на економија и менаџмент во Словенија, со над 8.000 домашни и странски студенти во текот на секоја академска година.

Акредитиран со највисоките академски и бизнис акредитации – EQUIS и AASCB, факултетот спаѓа во елитната групација на високо рангирани институции во Европа и во светот. Ова е привилегија на помалку од 5% од бизнис школите ширум светот. Покрај овие две значајни акредитации, факултетот ја има и AMBA акредитацијата, која ја поседуваат само 2% од школите за Мастер студии за Бизнис Менаџмент (MBA).

Со овие програми Економски факултет – Љубљана (IBA – International Business Academy, Master programme) е рангиран на 45-то место на светската листа на бизнис школи. Дипломата е академска и бизнис, ја издава Економски факултет – Љубљана на англиски јазик и на словенечки јазик и е валидна во сите земји во светот.

Јавниот отворен повик за сите кои што сакаат да инвестираат во својата професионална кариера е отворен до 15 февруари 2018.

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si) во Скопје ([email protected]; 070 338 570).

Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.