Наука
Вашата профилна фотографија открива речиси се за вас
Вашата профилна фотографија на социјалните мрежи отркива многу повеќе за вас и вашата личност отколку што мислите.
Или така барем тврди една нова студија која покажа дека врз основа на фотографија на лицето, можат да се дознаат голем број информации и се направи суд за некоја личност.
Истражувањето опфатило десет илјади профилни фотографии на Твитер, при што се градело мислење за личноста врз основа на нивните твитови. Се покажа дека разликите во фотогарфиите покажуваа разлика во личноста и дека врз основа на нив лесно можеда се заклучи каков е човекот.
Излегува дека отворените и комуникативни луѓе често на профилните фотографии имаат и други луѓе и тоа се потврдува и на слики со шарена и повесели бои.
Од друга страна, научниците тврдат дека невротичните луѓе нема да го покажат своето лице на фотографија, а ако и го прикажат, на фотографијата ќе бидат други предмети како очила, пишува „Индепендент“. Ако е прикажано лицето на невроитичната личност, тоа ќе биде поголемо од вообичаеното.
Научниците тврдат дека нивната метода за пткривање на карактерот на луѓето е многу прецизна и дека може да се користи наместо долготрајните методи на истражување на нечиј идентитет на интернет.
Затоа внимавајте каква е вашата профилна фотографија, доколку не сакате да ве разберат погрешно.