Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре на небото ќе се појави „црна“ Месечина

Sci-fi

Утре на небото ќе се појави „црна“ Месечина

Оваа година имавме Супермесечина, па потоа крвава Месечина, а сега ќе имаме и црна Месечина. Што значи тоа?

Во петок навечер, ќе се соочиме со сосема нов феномен на црна Месечина, но поради тоа што ќе биде ноќ, нема да може да ја видиме. Слично на сината Месечина, втората полна Месечина од еден календарски месец, црната Месечина е втората нова Месечина во месецот.

– Црната Месечина е невообичаен настан, што се случува еднаш во 32 месеци, изјави Џој Рао од вселенскиот портал Space.com.

Последната црна Месечина се појави во март 2014 година. Оваа Месечина не може да ја видиме од Земјата, бидејќи сончевата страна на Месечината не е во паралела со нашата планета, па страната која ја гледаме целосно е во сенка.

– Нема што да се види и онака Месечината е црна, додава Џој.

Месечината нема да се појави на небото сè до полноќ, а потоа ќе се гледа од Азија, Австралија, Африка и Европа, но со оглед на тоа дека ќе биде црна, нема да биде видлива за човечкото око.

Овој настан, многумина го оценуваат како доаѓање на апокалипсата или второ појавување на Исус Христос. Сепак, астрономите не се занимаваат со ова, бидејќи повеќе веруваат во науката, отколку во фантазијата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.