Creative
ВИДЕО: Ќе му помогнете на малиот Лео да ја однесе симпатијата на Месечината?
Големиот сон на Лео е да стане вистински астронаут и еден ден да ја однесе својата симпатија до Месечината… Ако децата се доволно упорни во исполнувањето на нивните желби, зошто и ти да не пробаш да ги оствариш твоите идеи?
Одлична можност за тоа е „Спејс апс челинџ“ натпреварот на НАСА, интернационален настан на кој секоја година илјадници мастери на технологии, експерти, и креaтивни умови заедно работат кон решавање на предизвици поставени од НАСА.
Искористи ја и ти можноста да работиш на реални проекти, да придонесеш кон подобрување на животот на земјата и ангажманот на човекот во всeлената, а притоа постигни нешто по кое ќе бидеш запаметен.
Пријави се со тим или како поединец најдоцна до 17-ти април и помогни му на нашиот мал астронаут да си го оствари сонот.
Видеото е изработено од Clean Cut Production.