Наука
Виндоус 10 преземен од над 27 милиони корисници
Најновиот оперативен систем на Мајкрософт Виндоус 10 се покажа како успешен чекор на компанијата и веќе е преземен од над 27 милиони корисници.
Оваа бројка претставува 3,78 проценти од оперативните системи на пазарот за само две недели. За споредба, Виндоус 8 истата бројка ја достигна за шест месеци.
Виндоус 10 е оперативен систем дизајниран да работи на класичен компјутер, мобилни уреди, таблети и бројни други преносни уреди, а најголема предност е можноста за синхронизирање.
Новиот Мајкрософт оперативен систем е бесплатен во текот на првата година и е достапен за преземање од 29 јули. Верзијата за мобилни телефони ќе биде достапна во следните месеци.