Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВНИМАВАЈТЕ: И Гугл доби „лажен профил“ на интернет!

Интернет

ВНИМАВАЈТЕ: И Гугл доби „лажен профил“ на интернет!

Лажен Гугл?

Иако ова можеби ви звучи како наслов за привлекување на кликови, сепак е вистина! На интернет се појави лажен Гугл кој го посетува вашиот сајт, привлекувајќи ве да откриете кој го посетува вашиот интернет сајт.

Таканаречениот лажен „Google“ го откри тимот на интернет порталот Thenextweb.com кој забележал чудни посети на нивниот аналитикс: спам што им сугерираше да гласаат за Доналд Трамп. Чудното е што домејнот бил со името ɢoogle.com.

Ако внимателно погледнете, ќе ја најдете разликата во URL адресите, каде почетната буква е G, која во домејнот на лажниот пребарувач е многу помала од таа на оригиналниот Google.

Според Analytics Edge, целта на спамерите е да создадат лажен сообраќај што ќе им послужи како „мамец за кликање“ на овие веб-страници. Посетата на ваквите сајтови може да биде многу ризична, бидејќи огромна е веројатноста дека ќе „закачите“ некој вирус.

За да се ослободите од ваквите спамови, консултирајте ги инструкциите што ги нуди Google Analytics.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.