Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во јапонско кафуле робот подготвува и служи кафе

Sci-fi

Во јапонско кафуле робот подготвува и служи кафе

Во кафулето „Хен-на“ во Токио, од неделава, задолжен за правење и послужување кафе, е робот „Соер“. Угостителскиот објект се наоѓа во елитен трговски дел од јапонската престолнина.

Принципот е следен: роботот ги скенира нарачките од автоматот, ги пречекува гостите, го меле и приготвува кафето и го служи фалејќи се дека тоа е повкусно од кое било друго кафе, направено од луѓе.

Цената на филџан кафе е 320 јени, односно 2,4 евра.

Во туристичката агенција ХИС Цо, којашто го поседува кафулето, сметаат дека роботот ја зголемува продуктивноста на објектот, но и претставува атракција и забава за гостите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.