Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

YouTube воведе опција за бесплатно гледање на филмови

Интернет

YouTube воведе опција за бесплатно гледање на филмови

Од денеска можете да гледате бесплатни филмови на онлајн платформата YouTube. Изминатиот месец Google и YouTube додадоа околу 100 долгометражни филмови за кои не мора да плаќате претлата за да ги гледате. Единствениот проблем е што ќе мора да издржите и да ги гледате и неколкуте реклами.

Категоријата „Free to watch“ вклучува најчесто постари филмови, но има и некои култни класици и познати наслови како што се „Rocky“, „Legally Blonde“, „The Terminator“ и „Four Weddings and a Funeral“. Рекламите ќе се појавуваат во текот на филмот.

За да проверите кои филмови можете да ги гледате бесплатно, одете на YouTube и изберете „Movies & Shows“ од менито. Потоа побарајте го делот „Free to watch“, кликнете на филмот што сакате да го гледате и автоматски ќе почне како и секое видео на YouTube.

Се очекува YouTube да ја проширува листата со бесплатни филмови во иднина.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.