Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА НОВИОТ АЈФОН: „Епл“ порача 70 милиони превитливи дисплеи од „Самсунг“

Мобилни

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА НОВИОТ АЈФОН: „Епл“ порача 70 милиони превитливи дисплеи од „Самсунг“

Кој вели дека најголемите ривали не соработуваат?

Технолошкиот гигант „Епл“ од  својот ривал, компанијата„Самсунг“ порачале 70 милиони превитливи ОЛЕД дисплеи, кои ќе бидат користени за производство на новиот „Ајфон“, објави „Никеи Азијан“.

Според весникот, „Самсунг“ наводно е подготвен да произведе дури 95 милиони дисплеи само за потребите на „Епл“.

Наводно оваа есен „Епл“ ќе лансира три нови „Ајфони“, два со нормални ЛЦД дисплеи и премиум верзија која ќе има заоблен ОЛЕД дисплеј.

Компанијата очекува добра продажба на нејзите нови уреди, иако тие ќе бидат поскапи од претходните.

Меѓу останатите карактеристики на новиот „Ајфон“ се очекува да бидат и безжичното полнење, враќање на стакленото куќиште и сензорот за препознавање лица.

Двата нови „Ајфони“ со ЛЦД дисплеи ќе бидат со големина 4,7 и 5,5 инчи, додека премиум верзијата ќе има дисплеј од 5,2 инчи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.