Земјата доби уште еден океан – Јужниот океан е петтиот океан во светот
До сега сите знаевме дека постојат четири океани во светот – Големиот Пацифик, Атлантик, Индија и Арктик, но географијата се менува, па така уште еден океан ќе ја збогати оваа листа.
За првпат по повеќе од сто години, Националното географско друштво објави дека ќе го признае Јужниот океан, површината на водата околу Антарктикот, како петти океан во светот.
Меѓународната научна фела сè уште не постигнала договор за името и границите на ова водно тело. Официјални лица од Националната управа за океани и атмосфера (НОАА) соопштија дека Федералната агенција го признала водното тело како петти океан уште во 1999 година, кога американскиот одбор за географски имиња го одобрил името „Јужен океан“.
Водената површина се протега од брегот на Антарктикот до 60 степени јужна географска ширина. Јужниот океан содржи области со најбрзо затоплување на Земјата, како што е Антарктичкиот полуостров. Морскиот мраз во Јужниот океан игра улога во одредувањето на циркулацијата на океаните и временските обрасци, а понатамошното затоплување може да ја „наруши глобалната клима“.