#ПромовирајДомашно
Ателје ,,Baby Boo” – вистинско детско царство на бајки кои стануваат реалност
„Кога љубовта инспирира рацете само го изведуваат замисленото“ – лајт-мотив на креаторката и сопственик на инспиративното ателје ,,Baby Boo” , вистинско детско царство на бајки кои стануваат реалност.
Сѐ што може да замислите за да им го разубавите денот на вашите најмили, ќе го реализирате со предлог -решенија и исклучителна професионалност на Александра Стојанова.
Веќе пет години креативното ателје ги остварува желбите на своите клиенти за организирање детски, роденденски и јубиларни веселби, волшебни и нестварно убави приказни за паметење. Впрочем, тоа е и целта, прослава која се памети, која извлекува детски насмевки и дава радости.
-,,Приказната за „Baby Boo“ започна сосема спонтано, а прерасна во едно интересно онлајн ателје за декорации кое го радува Скопје веќе 5 години. Нашата примарна дејност се роденденските слатки масички и балонските декорации за секаков тип на прослави, но и помали декорации од типот на столбови со балони, хелиумски балони, декорирани тематски мафинки како подарок, разни декорирани подароци и сѐ она што може да измами насмевка кај клиентите и кај оние на кои им се приредува изненадувањето.
Нашиот мотив е детската насмевка и среќата во нивните очи, а мојата најголема инспирација е мојот внук Никита, за него сите изработени декорации се надвор од сите мои досегашни имагинации” – ни раскажа Александра Стојанова по повод петгодишниот јубилеј на нејзиното креативно детско царство.