Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија и Албанија заеднички преку искуствениот туризам се развиваат во регионот

#ПромовирајДомашно

Македонија и Албанија заеднички преку искуствениот туризам се развиваат во регионот

Македонките Јасминка Поповска од Струга и Катерина Василевска од Охрид се креаторките на Genuine Experiences, поточно жени кои сакаат на локалните или интернационалните туристи во Македонија и соседна Албанија да им овозможат незаборавни искуства.

На нивната платформа имаат над педесетина локални занаетчии, домаќинки, спортисти, водичи, професионалци од различни области, од Охрид, Струга, Битола, Демир Хисар, Дебар, Ресен, Скопје, Пешкопеја, Мат, Булкизе, Дибра, кои им ја дадоа довербата, ентузијазмот и им дозволија да ги трансформирааат нивните вештини, знаења, преточени во автентични искуства наменети за туристи.

„Одржливиот туризам е иднината на земјава. Ако сакаме да имаме вода за пиење, чист воздух, намалување на отпадот треба да знаеме дека единствената опција ни е принципите на одржливоста да бидат стандарден неодминлив дел во секоја туристичка понуда. Тоа значи дека, уништувањето на планините со тури со џипови треба да е забрането, а не да биде извор на приходи на некои од националните паркови и со нивно одобрување – спроведувано. Едноставно човекот не може бесконечно многу да се шири и да зазема простор од природата туку мора за се да има граница, за да има за сите. Како ние го решаваме тоа преку нашата понуда? Нашите искуства се рурални и урбани. Нудиме искуства со пешачење, со велосипеди, со кајаци“ истакнува Јасминка Поповска, проект менаџер.

Тие велат дека во овој регион има прекрасни автентични личности кои имаат многу да споделат и сакаат да им овозможат да го направат тоа преку платформата.

„Меѓуграничните региони на Македонија и Албанија изобилуваат со традиции и занаети, кои иако можеби ја немаат истата важност како претходно, би биле исклучително интересни да се споделат со туристите од другите земји. На тој начин го зачувуваме културното наследство и се промовираме пред светот како народ достоинствен и вреден да се посети. Имаме природни ресурси на мала површина, на која може да ни позавидат далеку поголеми држави од Европа и светот. Ние сме привилегирани да живееме толку малку луѓе во една ваква богата земја. Сакаме со тоа да го освестиме локалното население и да им го понудиме на туристите во форма на несекојдневни доживувања и искуства. Гостите не се само пасивни гледачи, туку директно со своите раце учествуваат во процесот на искуството, тоа значи на крај од посетата ќе го имаат првото рачно исплетено ташниче, филигрански привезок, домашен зелник, исплетена кошница…“ додава Катерина Василевска, проектен асистент.

Тие потенцираат дека туризмот дефинитивно е приоритет во економијата, кој може да донесе и тоа како многу приходи за локалното население. И не само во Охрид, туку во сите градови и села. Но туризмот мора да се развива одржливо, градовите првенствено да бидат “живи“ за луѓето во кои живеат, а потоа да се изнајдат форми на туризам кои нема да го загрозуваат секојдневниот живот, и нема да ја уништуваат природата.

„Ние сме долго време волонтери и локални активисти. За нас овој бизнис е првенствено наш личен обид да покажеме дека бизнисот не мора да биде business as usual, само за пари. Туку бизнисот треба да им помага на локалните луѓе, на нашите соработници да си го реализираат нивниот личен потенцијал. Бизнисот треба да носи можности на населението во местата каде го спроведуваме. Во некои од нашите искуства, туристите ќе бидат отворено запознаени со локалните предизвици и ќе може да донираат, или на друг начин да помогнат. На пример за локалното училиште, за возрасните лица од дадената населба/село, за некои локални акции кои многу значат за тамошното население.“ додаваат двете креаторки на платформата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од #ПромовирајДомашно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.