Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

007 се враќа: „Спектра“ претпремиерно во Cineplexx

МК Сцена

007 се враќа: „Спектра“ претпремиерно во Cineplexx

На само два дена пред проекциите во САД, на 04 ноември, македонската публика и љубителите на најпознатиот таен агент ќе имаат можност претпремиерно да го погледат филмот „Спектра“. Филмот премиерно ќе биде прикажан во повеќе дневни проекции веќе од 05 ноември.

Криптирана порака од минатото го испраќа Бонд на пат за да ја открие злобната организација. Додека М води битки со политичките сили за да ја зачува тајната служба жива, Бонд ги отстранува слоевите на измама за да се открие вистината зад СПЕКТРА.

Кога станува збор за 24от Џејмс Бонд филм, овојпат насловен „Спектра“, продуцентите на филмот се потрудија да создадат доследно продолжение кое ќе биде рамо до рамо со својот претходник „Скајфол“ кој беше тотален хит на киноблагајните, со заработка од 1.1 милијарда долари. Даниел Крег за четврти пат се појавува во улогата на агентот 007.

Шансата да се истражат приказните на различните карактери е навистина важен фактор за режисерот. Сем Мендез повторно зад режисерската палка, изјавува: „Сакав да ги истражам сите различни аспекти на карактерите кои ги оставив во Скајфол. МИ6
станува веќе преголема – имаме нов M, нова Манипени и нов Кју. Сакав овие врски да се развиваат и да растат“.

За актерот Даниел Крег новото продолжение има уште поедноставна порака.

„Сакавме да е подобар од Скајфол“, вели тој. „Тоа е толку едноставно. Немавме друг избор, мораше да биде поголем и подобар. Со Скајфол, веќе поставивме солидна основа и сега сакавме да го продлабочиме и да експериментираме малку повеќе.“ Во новиот филм, најпознатиот светски агент е потполно променет, овој пат многу проактивен и во контрола над својот живот. Тој има нова фокусирана мисија и никој не може да му застане на патот.

„Скајфол беше навистина реактивен филм, што се однесува на карактерот на Бонд“, продолжува Мендез. „Во првите кадри тој прогонуваше некого со неговиот стар фокус и мотивација, но успева да заврши ранет во последните сцени. Тој низ целиот филм е еден чекор зад карактерот на Хавиер Бардем, Силва. Може дури и да се сложите дека при крајот на филмот тој потклекна и неуспеа во мисија. Тој не успеа да ја заштити М, но иако смртта на Силва е победа за него, постојат други елементи кој говорат за неговиот неуспех. Поради тоа, во „Спектра“ сакав да му дадам втора шанса за искупение.“

Во филмот покрај Крег, во улога на негативецот и вечниот непријател на Бонд се појавува Кристоф Валц. Улогите на познатите Бонд девојки во овој филм им припаднаа на Моника Белучи, Лиа Сејду и Стефани Сигман.

Билетите се пуштени во продажба!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.