Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

10-годишна забрана за Вил Смит: Академијата донесе одлука по инцидентот на Оскарите, се огласи и актерот

Сцена

10-годишна забрана за Вил Смит: Академијата донесе одлука по инцидентот на Оскарите, се огласи и актерот

11 дена по Оскарите и инцидентот со шамарот на Крис Рок, академијата донесе одлука за казната за Вил Смит.

Сите американски медиуми пренесоа дека актерот добил 10-годишна забрана за пристап до Оскарите како и сите други настани организирани од Академијата.

-Одборот одлучи дека од 8 април 2022 година, на г-дин Смит нема да му биде дозволено да присуствува на какви било академски настани или програми цела деценија, во живо или виртуелно, вклучувајќи ги и Оскарите. Овој потег што го преземаме денес е одговор на однесувањето на Вил Смит и е чекор кон целта да се заштити безбедноста на нашите изведувачи и гости и да се врати довербата во Академијата. Исто така, се надеваме дека со ова може да започне периодот на опоравување за сите вклучени и засегнати – се вели во соопштението.

Тие му се заблагодарија и на комичарот Рок. „Би сакале да ја изразиме нашата длабока благодарност до г-дин Рок кој ја задржа својата смиреност под вонредни околности. Исто така, сакаме да им се заблагодариме на нашите водители, номинирани и победници за нивната смиреност и грациозност за време на нашиот телевизиски пренос“, велат тие.

Набргу по одлуката на Академијата за 10-годишна забрана, Смит се огласи.

-Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата – изјавил тој.

Инаку, актерот минатата недела поднесе оставка од членството во Академијата за филмски уметности и науки.

-Директно одговорив на известувањето за дисциплинската расправа на Академијата и целосно ќе ги прифатам сите последици за моето однесување. Моите постапки на 94-то доделување на Оскарите беа шокантни, болни и непростливи – гласи дел од соопштението.

Смит заклучи во изјавата: „За промената е потребно време и јас сум посветен да работам за никогаш повеќе да не дозволам насилството да го совлада разумот“.

Како што пишуваат американските медиуми, Вил изгледа сепак се пријавил во луксузна приватна клиника за да добие помош од експерти и да научи да се справува со стресот.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.