Сцена
12-годишната Агнеса од Скопје ја воодушеви публиката во Карнеги Хол
На натпреварот „American Protégé“ кој што се одржува секоја година во „Карнеги Хол“, Њујорк, во декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје.
Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre.
12-годишната Агнеса настапи во Бродвеј категоријата со „Tomorrow“ од мјузиклот „Annie“. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон.
Нејзиниот обемен и јак вокал ги воодушеви сите во „Карнеги Хол“.
Агнеса од Скопје беше единствениот претставник од Европа во 2024 година во сите категории.
Со музика се занимава од 4-годишна возраст, а под водство на наставник пет години пее во детски хорови. Последните две години оди на поединечни часови кај Ана Костадиновска, којашто ја подготвуваше и за настапот во Њујорк.
Под нејзино менторство Агнеса се пријави на натпреварот „American Protégé“, а победниците беа повикани да настапат во „Карнеги Хол“ во Њујорк.
Претходно Агнеса настапи на два меѓународни натпревари во Скопје, во МНТ и МОБ, каде што освои прво место.