Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

12-то издание на Моден викенд Скопје под мотото „Мода и културно наследство“

МК Сцена

12-то издание на Моден викенд Скопје под мотото „Мода и културно наследство“

Под мотото „Мода и културно наследство “, ќе се одржи дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , од 21 до 25 октомври во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија. Модното случување за сезоната есен/зима 2015/2016 година, ќе биде во духот на традицијата и модата како портрет на времето.

Културното наследство е еден од најзначајните сегменти од македонската историја и сведок на нашиот идентитет.

Оваа есен, нашата безвременска традиција ќе ја однесеме на рандеву со нескротливата модна приказна. Ќе ги собереме на дружба различните епохи и спомени, убавините низ годините со оние кои не очекуваат. Моден викенд Скопје оди во нова , безвременска приказна.

Имиџот кој ќе ја претставува сезоната, има за цел да ја илустрира неминливоста на нашиот изворен идентитет и неговата важност како инспирација за создавање на дела од трајна вредност „Низ современо толкување на традиционалните македонски шари и орнаменти, дизајн решението ја симболизира идејата дека стоејќи зад нашата традиција, го прошируваме и зацврстуваме културното богатство за генерациите кои доаѓаат.“, вели Јована Зука која го потпишува концепт-дизајнот за визуелниот имиџ.

FWSK AW1516

Во рамките на Моден викенд Скопје , ќе се одржат ревии, изложби, модни перфоманси и забави на неколку локации во градот.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.