МК Сцена
15.000 луѓе ќе го рушат рекордот на „Охрид колинг” оваа сабота
Овогодинешното издание на ОHRID CALLING е досега најуспешно фестивалско издание на сите времиња во Mакедонија!
На првиот ден на навистина грандиозното шоу на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE присуствуваа повеќе од 10.000 посетители, а според досегашната продажба на резервации и слично, очекуваме во сабота, на завршниот настап на фестивалот на кралот на електронската музика ARMIN VAN BUUREN да присуствуваат повеќе од 15.000 посетители, што е цифра која досега сме ја имале единствено на Lenny Kravitz и на David Guetta.
Ве молиме да ги набавите вашите влезници навреме и навреме да се најдете на стадионот „Билјанини извори“, сите заедно да присувтуваме на уште еден навистина голем, визуелен и музички светски спектакл!