Музика
20 факти кои не сте ги знаеле за Роби Вилијамс
Роби Вилијамс доаѓа на 17-ти јуни во Белград во рамки на новата турнеја „Let me entertain you“, и како што кажува самото име, ќе биде навистина забавно!
Додека трае предконцертната еуфорија заедно со купувањето на билетите (кои верувале или не сѐ помалку ги има, а дел од нив веќе и се распродадени), во продолжение ве запознаваме со 20 помалку познати факти за Роби Вилијамс.
1. Роби Вилијамс во хороскоп е водолија, роден е на 13 февруари 1974 година во местото викано Стоук, во Штафоршир, Велика Британија.
2. Како и секој „островјанин“, Роби Вилијамс е голем љубител на фудбалот, а навива за клубот „Порт Вале“ од првата англиска лига, во кој поседува и дел од акциите.
3. Пред пробивот на музичката сцена со бендот „Take that“, Роби бил продавач на стакло, но како што и самиот признава, неуспешен.
4. Со наполнети 16 години станал член во бендот „Take That“ затоа што мајка му го видела огласот за место во бендот во еден од локалните весници.
5. Негов татко е познатиот британски комичар, Пит Конвеј.
6. Во 2010 година има издадено своја игра за Вии конзолата, под името „Ајде да пееме со Роби Вилијамс“.
7. Петар е неговото официјално средно име, но по крштевката во католичката црква, тој го добива средното име Максимилијан.
8. Во 2011 година неговото богатство е проценето на 90 милиони фунти.
9. Пред да се ожени во 2010 година со Ајд Филд (која патем ја има запознаено на состанок на слепо), Роби бил во врска со Камерон Дијаз, Ана Фрил, Никол Еплтон, Тара Палмер-Томкинсон и многу други убавици, што е и очекувано од Роби, познавајќи го фактот дека пател од сексуална зависност.
10. После жестоката кавга со своите соседи во Лос Анџелес, во знак на помирување, Роби му купил автомобил Бентли на својот сосед во вредност од 400 илјади долари. Не посакувај на соседот да му умре кравата… Бентлито де!
11. Има освоено дури 17 Брит награди, повеќе од било кој друг пејач.
12. Верувале или не, најпозната песна на Вилијамс, Енџелс била само на 4-то место на британската поп листа. Иако оваа песна сега има огромна популарност, сепак во времето кога била објавена во ниту една земја не била на врвот на топ листата.
13. Песната „Милениум“ во 2000 година била неговата прва соло песна со која ја освоил топ листата, а со оваа песна започнува и најуспешниот период во кариерата на Роби.
14. Во 2005 година, Роби го надсинхронизира гласот на кучето Дугал, во цртаниот филм „Волшебната вртешка“.
15. Иако има 41 година, Роби сѐ уште го нема положено возачкиот испит.
16. Има своја модна линија насловена „Фарел“
17. За време на настапот на шоуто на Џереми Кајл во 2008 година, Роби изјавил дека во својот живот има видено три НЛО објекти и дека секогаш бил заинтересиран за вселената.
18. Албумот од 2009 година, Reality Killed the Video Star е единствениот албум на Роби кој никогаш не успеал да биде на првото место на музичките листи.
19. Дуетот со Никол Кидман на песната Somethin’ Stupid кој всушност преработка на песната која оригинално ја пејат Френк и Ненси Синатра, моментално е на првото место на сите музички листи.
20. Албумот I’ve Been Expecting You е албум кој е продаден во најмногу копии – од првиот ден на продажба до денес, продадени се над 2,5 милиони копии.
Сакате да бидете дел од концертот на Роби Вилијамс?
Влезниците во Македонија пронајдете ги преку продажната мрежа на МКтикетс, на http://mktickets.mk/robbie_williams .
Влезниците за спектаклот на Ушќе се поделени по зони и тоа:
ПАРТЕР Б со сопствен превоз – 2.750 ден.
ПАРТЕР А со сопствен превоз – 3.300 ден.
ФАН ПИТ со сопствен превоз – 4.370 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД со сопствен превоз – 5.450 ден.
ТРИБИНА со сопствен превоз – 4.370 ден.
ПАРТЕР А + организиран превоз – 5.000 ден.
ПАРТЕР Б + организиран превоз – 4.400 ден.
ФАН ПИТ + организиран превоз – 6.100 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД + организиран превоз – 7.150 ден.
ТРИБИНИ + организиран превоз – 6.100 ден.
ВИП лаунџ + организиран превоз – 8.950 ден.
ВИП голд + организиран превоз – 15.700 ден.
САМО ПРЕВОЗ – 2.100 ден
www.robbiewilliams.rs
www.facebook.com/events/340701939474319
Организатори на концертот се „Егзит Тим“ и „Скајмјузик“, со поддршка на „Арена Белград“ и „ААА продукција“.