Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

20 ГОДИНИ „ЗЛАТНА БУБА МАРА“: Обвинителките главна атракција на сцената (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕМИЛИЈА СТОЈМЕНОВСКА / ПОПУЛАРНО.МК

МК Сцена

20 ГОДИНИ „ЗЛАТНА БУБА МАРА“: Обвинителките главна атракција на сцената (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Помина уште едно забавно издание на наградите за најпопуларните во изминатата година – вечер исполнета со сатира, сладок хумор и ретроспективно сеќавање на изминатите 20 издание на оваа манифестација, „Златна Буба Мара на популарноста“.

Организирана под мотото „Што ќе биде, нека биде!“ јубилејната 20-та „Златна Буба Мара“, очекувано ја наполни Метрополис арената во Скопје.

Сцената беше исполнета со богата визуелна и музичка програма, на која според организаторите се појавија повеќе од 200 учесници.

Јубилејното издание имаше четворица водители – Игор Џамбазов, Сашко Коцев, и Валентин Костадиновски – Тино и Атанас Атанасовски, а стартуваше традиционално со говор на единствениот Ранко Петровиќ, кој исмејувајќи го трендот на откажување на настани во последниот момент, реши да го откаже ова 20-то издание на „Буба мара“, велејќи дека на билетите пишувало дека парите нема да им бидат вратени на посетителите.

– „Вечерва сме тука заедно да ги прославиме убавите моменти што ги создаваа нашите најпопуларни уметници, спортисти, јавни личности во изминативе 20 години. По вечерашниот заеднички распит и сослушување на убавите музички дела, се надеваме дека ќе ја добиеме заслужената подршка и за наредните првостепени аплаузи, насмевки, рефрени, кои ќе траат подолго од овој наш јубилеј “- кажа Ранко Петровиќ, првиот човек на „Златна Буба Мара“.

Сашко Коцев, пак, за ова година подготвил дури 55 сценарија, затоа што имал толку многу материјал, што морал цело време да го корегира.

На тапет беа ставени разни теми, од еднодневниот бесплатен превоз во градските автобуси, снегот, изборите, твитовите и вклучувања во живо на социјалните мрежи, па сѐ до лошата ситуација во студенските домови. Ни ситуацијата во светот не беше избегната од будното око на „Буба Мара“, па така Бубо Каров преку хумористична песна го исмеа ѕидот кој американскиот претседател Трамп го гради на границата со Мексико.

Првата награда за животно дело беше доделена на членовите на ансамблот „Мањифико“, Тања, Лидија, Панче и Невенка Кочовски која ја испејаа песната „Лас Мананитас“, кај нас позната како „Мама Хуанита“.

Беше оддадена и постхумна почит на творештвото на Дарко Марковиќ, Есма Реџепова, но и големите светски ѕвезди Џорџ Мајкл, Леонард Коен и Принс.

Секако, манифестацијата не може да помине без Тамара Тодевска, која оваа година ја доби наградата „Пејачка на годината“, а статуетката за трајни музички вредности беше доделена на Росана Сариќ Тодоровска.

Награда за спортски успех доби младинската фудбалска репрезентација на Македонија, а награди ги добија и автомобилистот Игор Стефановски Иџе и пливачот-маратонец Томи Стефановски. Макпетрол беше прогласена за пштествено одговорна компанија во 2016 година, а за најдобра утринска програма наградата отиде во рацете на тимот на „Здраво Македонијо“ на „Канал 5“.

Атмосферата кулминираше со хумористичниот настап на „Специјалното забавно обвинителство“, кога на бината се појавија трите специјални обвинителки и ја „обвинија“ емисијата Фчерашни новости за најзабавна емисија за 2016.

Во текот на настапот обвинителките викаа „Отвори!“, исто како што специјалната јавна обвинителка викаше минатата есен кога портирот во МВР не и дозволуваше влез во УБК, а Фатиме од придружбата извикна „Но пасаран“, како што настапи на една прес конференција.

Беше направен и сатиричен осврт на аферата „Халкидики“ каде Сашко Коцев облечен во тесен кожен костум ја отпеа песната „Ајде да одиме на Халкиди“.

Признание за најголеми достигнувања во оперското и хорското музицирање доби маестро Томислав Шопов, кој заедно со хорот „Мирче Ацев“ ја изведе композицијата „Чае шукарие“ посветена на Есма Реџепова. Хорот „Мирче Ацев“ го придружуваше и  Аки Рахимовски од легендарната ексју рок-група „Парни ваљак“, кои ја добија наградата трајни музички вредности.

За најдобра претстава е прогласена „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, мјузикл на годината е „Чикаго“, најдобар млад актер е Александар Михајловски за претставата „Силјан Штркот шанца“, а актерка на годината е Јелена Јованова. Најдобар актер е Никола Ристановски кој му ја предаде наградата на Сашко Коцев.

За најперспективна млада пејачка беше прогласена Антонија Гиговска, а пејач на годината е Даниел Кајмаковски. Награда за најпопуларна ТВ емисија доби „Еден на еден“, а награда доби и етно-групата „Љубојна“.

На самиот крај организаторите нѐ изненадија со настап на групата „Меморија“, која по цели 25 години се појавија на сцената со оригиналната постава на бендот и ја отпејаа „Оган под ѕвездите“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.