Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

40 РЕВИИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ: Во недела започнува 16. издание на Моден викенд Скопје

МК Сцена

40 РЕВИИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ: Во недела започнува 16. издание на Моден викенд Скопје

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд Скопје на кој до 25 октомври публиката ќе може да види четиринаесет ревии и презентации, под мотото на сезоната #Stopthetraffik.

Сезоната есен-зима 2017/2018 ќе ја отвори ревијата на „Papaz“ и колекцијата „Подем на гревот“ чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на „Sigma Jewelry“, колекцијата „Маршот на боговите“ на Викторија Арсовска и за крај „Art deco“ на „Ателје Коцарева“. Веднаш по ревиите следува забава во „Дистрикт бар&ресторан“.

Вториот ден ќе започне со студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема Метаморфоза. Со ревијата ќе биде заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел еволутивни промени низ три фази.

Следуваат ревиите на Сара Реџиќ и колекцијата „Bohemian rhapsody“, најновата колекција на „Marsin“ наречена „Inside out“ која ја потпишува Марија Трајанова, за прв пат „Minna Fashion“ и колекцијата „Love the spark“, и за крај на вечерта „Drama Studio“ со колекцијата „Concept 2020“.

Претпоследниот ден на есенскиот моден викенд ќе го отвори ревијата на ателјето „Алшар“ и колекцијата „Калеш Анѓа“. Следуваат ревиите на „Walone fashion group“ и за прв пат српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ со колекцијата наречена „42“. Вечерта ќе ја заокружи ревијата на „Shaleva Couture“ со колекцијата „French elegance“.

Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје ќе биде затворен на 25 октомври во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.

За време на Моден викенд Скопје во изложбениот простор ќе може да се види и колекцијата на „DIAS shoes and bags“, бренд кој се занимава со производство на ексклузивни кожни чевли и чанти и други аксесоари од кожа. „Ottimo handmade“ и оваа сезона ќе ги изложат уникатните пеперутка вратоврски.

Моден Викенд Скопје оваа сезона ја поддржува глобалната кампања #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“, придружувана од Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

– „Желбата да се сменат нештата во текстилната индустрија и неверојатната иницијатива да се соберат милион квадрати од рециклирани парчиња текстил со кои ќе биде сошиена „глобална прекривка“ на свеста за нас беше предизвик на кој со задоволство одлучивме да му се приклучиме. На #GlobalBlanket иницијативата се придружија и дизајнерите учесници со уникатен дизајн кој го испечативме и на маици за поголема видливост на поддршката која ја даваме“, вели тимот на Моден викенд Скопје.

Магдалена Несторовска, Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција посочи:

– „Оваа кампања е наменета како на работниците така и на работодавачите во текстилната и модната индустрија, со цел да ја препознаат трговијата со луѓе како форма на организиран криминал, која воедно претставува грубо кршење на човековите права, и правата на работникот, искористувајќи ги лицата како работна сила со употреба на несоодветни средства и методи како што е присила, измама или злоупотреба на нивната ранлива пололба и тешка економска ситуација, а со цел нивно експлоатирање во насока на остварување огромен профит. “

– „Во Мериот Интернационал ја поддржуваме и ја почитуваме борбата за заштита на човековите права. Затоа Мериот работи на градење и подигнување  на свеста за теми поврзани со човековите права вклучувајќи ја и борбата против трговијата со луѓе.“, вели Хрипсиме Кузевска-маркетинг менаџер во Скопје Мериот хотел.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.