Музика
„Ај Кју“ со прва официјална проба на евровизиската сцена (ВИДЕО)
Претставниците на 43-те земји што ќе се натпреваруваат на годинашната „Евровизија 2018″ допатуваа во Лисабон, Португалија, каде од вчера започнаа и првите проби на сцената во арената „Алтис”.
Македонските претставници, групата „Ај Кју“, вчера ја одржаа првата проба во Лисабон. Освен техничкиот дел, заедно со пратечките вокали ја вежбаа и кореографијата.
Од кусото видео објавено на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб можеме да видиме дека „Lost And Found” ќе биде изведена со богата кореографија, за која се погрижи Јана Андрејевиќ – Лазарева, сето тоа дополнето со живи бои што прилегаат на самата атмосфера на песната.
„Ај Кју“ ќе ја пеат Lost and Found во првото полуфинале на 8 мај, а ќе настапат како единаесетти.
Во продолжение погледнете го настапот: