Адам Левин „нападнат“ од обожавателка на сцената, тој и возврати со пцовки
Фронтменот на групата Maroon 5, Адам Левин (42) бил шокиран кога неодамна на концерт, една обожавателка се качила на сцената и го зрабила за рака.
За време на концерт што се одржа пред околу една недела, млада обожавателка во еден миг се качила на сцената за да го прегрне.
На платформата Тик-Ток веќе стана вирално видеото на кое се гледа како обезбедувањето ја тргна девојката од Адам, кој може да се види дека пцуе и нелагодно се „стресува“ пред да продолжи назад со настапот.
@luispenaloza9525 Adam Levine was a whole mood yesterday? #Fyp #ForYou #Maroon5 #AdamLevine #Hollywood #HollywoodBowl
На социјалните мрежи јавноста има поделено мислење за случката, еден дел од фановите се разочарани и сметаат дека пејачот претерал со реакцијата, додека пак за други реакцијата е сосема во ред и дека има право на тоа.
По многубројните реакции, се огласи и Адам на својот Инстаграм профил:
-Отсекогаш сум бил некој што ги сака, ги почитува, ги обожава нашите фанови. Без фанови, ние немаме работа. Само сакам да знаете, јас бев навистина запрепастен. Се надевам дека сите се разбираме околу сево ова – изјави тој.