МК Сцена
Адел најбогата пејачка во Британија
Британската поп сензација Aдел е најбогатата пејачка во Велика Британија, а нејзиното богатство се проценува на 85 милиони фунти.
Само со три албуми, 12 синглови и вкупно три светски турнеи зад себе, Адел стана она што на многумина не им успеа ни после долгогодишната музичка кариера.
Порталот „Sunday Times RICH List“ објави дека Адел го постави својот рекорд со тоа што за само една година на списокот се искачи од 40-тото на прво место на најбогати музичари во Британија.