Музика
Адел откри дека има таен профил на Твитер
Британската поп дива Адел, доби репутација на најспонтана ѕвезда, која сака со публиката да сподели интересни детали од својот живот.
На неодамнешниот концерт во Австралија таа откри дека му го изговорила судбоносното „да“ на долгогодишниот партнер Сајмон Конецки, а сега на обожавателите им откри уште нешто.
Имено, Адел на публиката и откри дека има таен налог на Твитер, на кој пишува апсолутно се што ќе и дојде на ум. Таа прво призна дека поради претходните грешки и пишувања на различни недолични работи и е одземено правото за твитување
– Синоќа бев на Твитер. Тие не знаат дека имам таен налог. А под „тие“ мислам на мојот менаџмент. Често пати знаев да напишам или кажам нешто погрешно, поради што ми беше одземено правото да користам Твитер, нагласи британската пејачка.
Адел во 2015 година во едно интервју истакна дека сега избегнува пијана да пишува коментари на таа социјална мрежа, што го правела претходно кога се појавил Твитер.