Сцена
Алек Болдвин го потврди бракот на Хејли и Џастин Бибер
Алек Болдвин откри дека неговата внука Хејли и нејзиното момче, Џастин Бибер, стапиле во брак, иако самата Хејли ги негираше шпекулациите во петокот.
– Тие едноставно се венчале, но не знам каков е договорот, изјави Болдвин на 70-та церемонија на наградите „Еми“.
Тоа се случи само три дена откако 21-годишната Хејли и 24-годишниот Џастин беа забележани во суд во Њујорк.
Коментар на Алек доаѓа сосема неочекувано откако Хејли во петокот негираше дека се омажила.
– Јас разбирам од каде доаѓа шпекулацијата, но се уште не сум омажена, напиша моделот на социјалните мрежи.
Гласините тврдат дека Болдвин и Бибер, кои се заедно од јуни, следната недела се подготвуваат за голема свадбена церемонија во Канада.
Според извор на „Пипл“, Хејли се уште не сметала дека е венчана додека не поминат свадбените церемонии.