Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Александра Јанева победник на Макфест 2016 (ВИДЕО)

МК Сцена

Александра Јанева победник на Макфест 2016 (ВИДЕО)

Александра Јанева која ја изведе песната „За сто години“ е победник на 31. издание на Фестивалот за забавна музика „Макфест“. Таа ја освои и наградата за најдобра вокална интерпретација „Драган Каранфиловски –Бојс“.

Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второпласирана и доби 7.500 евра. Таа ја освои и наградата за најдобар сценски настап и доби 1.000 евра. Третопласирана е младата Антонија Гиговска со песната „За нас“, која доби 5.000 евра. Гиговска ја освои и наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ во вредност од 1.000 евра.

Најслушана песна меѓу двата фестивала е „Срце да се отвори“ на Зуица Лазова и Јоце Панов, а Дамир Имери е добитник на признанието за најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски-Шпато“.

– Генерална оценка е дека годинава имаше голем интерес за „Макфест“ и оти композициите вратија дел од сјајот на 31. издание на фестивалот. Работата успешно ја заврши пред се уметничкиот директор Љупчо Мирковски, кој успеа професионално да си ги заврши обврските и по две години, благодарение на неговиот голем ангажман ние конечно имаме и ЦД со сите композиции, кои дополнително ќе потсетуваат на фестивалот, рече Драган Ристов од прес-центарот на „Макфест“.

Ревискиот оркестар на МРТВ, како што рече, беше феноменален, а исто така и изведувачите.

– Сметаме дека одиме чекор натаму со самото тоа што по речиси неколку децении имавме и седум странски изведувачи, со што „Макфест“ имаше и меѓународен карактер. Голема благодарност и до водителот Димитар Атанасовски и режисерот на преносот Перо Попов и целата екипа на МРТВ, кои придонесоа „Макфест“ да биде успешен, рече Ристов.

Учесниците се натпреваруваа за трите главни награди. Најдобрата песна на фестивалот е наградена со 10.000 евра, за втората награда се предвидени 7.500 евра, а третонаградената песна доби 5.000 евра. Покрај главните награди, доделени беа и наградата за најдобар аранжман, сценски настап, чија вредност изнесува 1.000 евра.

Фестивалот е во организација на општина Штип, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и од општина Штип. Интерпретаторите своите песни на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип ги изведуваа во живо, во придружба на ревискиот оркестар на МРТВ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.