МК Сцена
ЈАН ГИЛАН: Да се пее со симфониски оркестар за мене е луксуз!
Уште само еден ден не` дели до концертот на големиот Јан Гилан, со бендот на Дон Ајри и Македонската филхармонија во Скопје.
Иако важи за највпечатливиот вокал на сите времиња, Јан Гилан за концертот во Скопје нема некои специјални барања. Освен што звукот мора да е перфектен, единствено во неговата рајдер листа Гилан бара да има природни и свежо цедени сокови, многу вода и квалитетно вино.
Со текот на годините, се навикнав да настапувам со бендови, но да се пее со симфониски оркестар за мене е луксуз и големо задоволство. Ова е навистина фасцинантна фузија и не знам дали и кога повторно би можела да се повтори, бидејќи на секој концерт настапувам со различни оркестри. Со Македонската филхармонија, на пример, ќе имам проба на денот на концертот- вели Гилан во пресрет на утрешниот концерт.
Тој додава дека е среќен што ќе може да ги пее најголемите хитови на Дип Прпл, но и песни што не биле изведени досега, како: „Razzle Dazzle“, „The Unwritten Law“, „Anya“, а исто така на репертоарот ќе се најдат и песни од неговата соло кариера.
Гилан на овој концерт ќе настапи со неговата ќерка Грејс, која е пејачка во групата Папа Ле Гал- бендот што ќе го отвори концертот во Скопје.
Само за потсетување, 90 отсто од капацитетот на Вип Арената е распродаден, останаа уште многу мал број на влезници, кои можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.