МК Сцена
Анастасија брилираше на сцената на „Мак Фест“ (ВИДЕО)
На неодамна одржаниот „Макфест“ дебитираше младата Анастасија Аврамовска која го освои високото 4-то место, а коментарите од нејзиниот настап не стивнуваат.
Со нејзиниот глас, настапот на сцената и се разбира певливата и хитовска песна, успеа да ги собере симпатиите на публиката и жирито.
„Ме научи да бидам своја“ е дело на Иле Спасев, кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на Даниела Хаџи – Тоневска.
– Период пред настапот навистина посветено работев на целиот проект за успешно преставување на овој фестивал, за кој знам дека уште повеќе ми ги отвори вратите кон реализирање на мојот сон. Влегов во финале, освоив убаво место, се на се навистина сум пресреќна и задоволна, како од фестивалот, така и од се што ми се случива до сега, бидејќи луѓето убаво реагираат на моите две песни кои ги промовирав за доста краток период, вели Анастасија.
https://www.youtube.com/watch?v=6P9NP6WiTW0