Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Анастејжа во Скопје ќе звучи светски!

МК Сцена

Анастејжа во Скопје ќе звучи светски!

На 15 мај во ВИП Арена Борис Трајковски, една од најпознатите поп пејачки на денешницата, Anastacia, ќе приреди вечер за паметење. Со хитовите со кои што растеа многу генерации, оваа музичка дива ќе го позиционира и Скопје на светската музичка мапа, благодарение на турнејата со наслов: Evolution.

Организаторите на концертот, Прагма продукција, велат дека се подготвени да излезат во пресрет на сите барања на тимот на Anastacia, како би можеле на македонската публика да и овозможат уживање од светски калибар. Anastacia во текот на целата своја турнеја патува со сопствена продукција, што пак е предзнак дека сите концерти од истата, не се разликуваат по квалитет.

– „Барањата кои што ни ги доставија за концертот на Anastacia се во рамките на очекуваното. Ниту таа ниту тимот, не претеруваат со хировити барања во однос на храна, хотел и слично. Дозволени беа и наши предлози во однос на она што мора Anastacia да проба на македонска територија. Што се однесува пак до техничкиот дел, и осветлувањето и озвучувањето ќе бидат на висина на задачата затоа што тимот задолжен за овој концерт, низ цела турнеја патува со сопствена продукција. Тоа значи дека Anastacia овде нема да звучи поинаку од било која друга светска метропола“ – велат од Прагма Продукција.

По феноменалната Ultimate Collection Tour во 2016/2017 година, со 110 продадени концерти, Anastacia се одлучи за голем камбек на светската поп сцена со нов, седми по ред албум насловен Evolution. Истиот е снимен во Стокхолм и на него како извршен продуцент се потпишува Anders Bagge истиот оној кој што се потпишува и зад албумите на Celine Dion, Madonna, Janet Jackson.

Поп ѕвездата која двапати го победи канцерот, деновиве е активна и помага при подигање на свеста но и при собирање финсниски средства за организации кои што се борат против оваа болест на денешницата.

Покрај песните од новиот албум, присутните во Борис ТРајковски на 15 мај ќе имаат можност ексклузивно да ги слушнат безвремените хитови како: Left outside alone, Sick and tired, Paid my dues, I’m Outta love…и многу други.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.