Сцена
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да ѝ помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште помеѓу своите другарчиња
Матеа Матовска е 12 годишна ученичка која боледува од акутна миелоидна леукемија. Во моментов е хоспитализирана на одделот за хематоонкологија каде е изложена на хемотерапија.
Поради природата на болеста потребно е лекувањето што поскоро да се продолжи надвор од нашата земја. Лекувањето е долго и скапо, а ќе претстои и трансплантација на коскена срж.
Да ѝ помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште помеѓу своите другарчиња!
Донациска сметка:
Матеа Матовска – Хуманитарна Сметка
Број на сметка: 300 001 000 024 058
Цел на дознака: донација за Матеа Матовска
Комерцијална Банка
Броеви за донации:
ОНЕ: 075/143-450
ВИП: 077/143-133
ТЕЛЕКОМ: 070/143-106
Иницијативата за овој повик е иницирана од другарчињата на Матеа од ООУ “Ј.Х. Песталоци” – Скопје.