Музика
Аријана Гранде ги посети жртвите од нападот на нејзиниот концерт (ФОТО)
Аријана Гранде моментално е во Велика Британија каде утре ќе одржи голем хуманитарен концерт во Манчестер.
Целиот приход од концертот насловен „Една љубов Манчестер“, кој се распродаде за 20 минути, ќе оди во фондот за жртвите од нападот на нејзиниот концерт кој се случи на 22 мај.
Пејачката одлучи пред концертот да ги развесели своите најмлади обожаватели кои поради повредите завршија во болница.
Една од жртвите, 10-годишната Џејден Фарел Ман, објави слика со својата омилена пејачка и напиша: „Денес имав среќа да ја запознаам мојата кралица. Те сакам Аријана!“.
https://twitter.com/dustyblu10/status/870728415544041474
Нејзината мајка изјави дека таа била пресреќна што го запознала својот идол.
На хуманитарниот концерт ќе настапат и Џастин Бибер, Кејти Пери, Мајли Сајрус, Литл микс и Најл Хоран, а настапот ќе се емитува во живо на фејсбук и јутјуб.