Музика
АРИЈАНА ГРАНДЕ: Ќе се вратам во Манчестер и ќе одржам добротворен концерт!
Пејачката објави нова, подолга изјава по повод терористичкиот напад кој се случи на нејзиниот концерт во понеделникот вечерта, во Манчестер.
По трагичниот настан во кој животот го загубија 22 млади луѓе, а 59 беа повредени, пејачката на Твитер објави кратки порака во која напиша: „Скршена. Од дното на срцето, навистина ми е жал. Немам зборови“.
Меѓу жртвите најмногу имаше деца и тинејџери, а најмладата жртва имала само 8 години.
Аријана Гранде вчера на Твитер објави подолга и подетална изјава.
– „Не постои ништо што јас или било кој друг можеме да го направиме за да ја намалиме болката која ја чувствуваме“ – напиша Гранде.
– „Сеедно, ја пружам мојата рака и срце и сѐ што можам да ви пружам на вас и вашите семејства, ако на било кој начин ви е потребна мојата помош. Нема да се предадеме и откажеме, ниту пак ќе работиме во страв. Нема да дозволиме ова да нѐ раздели. Нема да дозволиме омразата да победи.“ – додава таа.
Младата пејачка најави дека ќе се врати во Манчестер и ќе одржи добротворен концерт во чест на жртвите и нивните семејства.
– „Жртвите ќе ми бидат во мислите и во срцето секој ден и ќе мислам на нив секој ден до крајот на животот“ – завршува Аријана.
Целата изјава на пејачката прочитајте ја во продолжение:
— Ariana Grande (@ArianaGrande) May 26, 2017